Voen Veteran
GLASNOM
Трпиме седиме, што правиме само се гледаме
неможам да престанам да се нервирам бе
те крадат пред очи, ти земаат се што имаш
постепено, а ти љуби ги, со главата климаш
и го примаш, па сега сакај го лавот
помина времето, се заглави саатот
Каков глуп народ ќе да бевмe,
додека некој нема сила да пее
Не се знае, ќе отидам некој да ми бае
затоа што кучето што мачка брка секогаш лае
само гледај ги како те крадат
твојот мозок го перат и внатре своја мисла ставаат
деца дури политички определени
во главата што мислат незнам но се зелени
желни за внимание, за нешто што ќе ги спаси
уништувајќи се самите се себе, ко камикази
Како трауматизиран Виетнам воен ветеран
ти го дрогираат умот! (x4)
Епа пази, дете политиката е злобна
али да ја уништиш треба да ја разбираш потполно
со два збора ќе ти ја објаснам сега
кради лажи, па кога ќе те фатат бегај
До вчера сите нации исти и обединети
сега секои втори што не е како вас се проклети
религијата одеднаш ви стана важна
порано сите заедно, сега тоа е приказна
Како трауматизиран Виетнам воен ветеран
ти го дрогираат умот! (x4)
Како трауматизиран Виетнам воен ветеран
ти го дрогираат умот а ти се чудиш гледаш демони
гледаш мртви па се губиш
Како трауматизиран Виетнам воен ветеран
ти го дрогираат умот...
ти го дрогираат умот...
ти го дрогираат умот...
Како трауматизиран Виетнам воен ветеран
ти го дрогираат умот! (x4)